Италијанските медиуми пренесуваат дека главна цел на милански Интер во зимскиот преоден рок ќе биде дефензивецот на Манчестер Јунајтед, Матео Дармијан.
Дармијан оваа сезона не е во плановите на Жозе Мурињо и ретко добива шанса за настап, па е спремен во јануари да ја промени средината.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Италијанскиот репрезентативец сака да се врати во Серија А, а Интер е спремен да ја искористи таквата ситуација и веќе стапил во контакт со неговиот агент.
Медиумите тврдат дека двете страни постигнале соработка, па сега останува уште двата клуба да го договорат трансферот.
Најверојатно Интер ќе се обиде да го донесе Дармијан на позајмица до крајот на сезоната, со можност да откуп следното лето.
„Нероаѕурите“ бараат решение за бековските позиции, а Дармијан подеднакво добро може да игра и како лев и како денес бек.