Дома Актуелно Интер не се шегува: Првото засилување е веќе договорено!

Интер не се шегува: Првото засилување е веќе договорено!

Интер игра одлично оваа сезона под палката на Спалети, но „нероаѕурите“ сакаат да го засилат тимот и на Апенините тврдат дека веќе е договорено првото засилување.

Сезоната во Кина е веќе завршена, а Интер веќе договорил на позајмица од Жиангсу да пристигне бразилскиот играч за врска, Рамиреш.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


Двата клуба имаат еден ист сопственик, „Сунинг“, па кинескиот клуб ќе му го отстапи Рамиреш на „нероаѕурите“ кој уште во декември ќе пристигне во Милано и ќе тренира со тимот.

Рамиреш ќе има право на настап од 1-ви јануари и сигурно ќе биде големо засилување за средниот ред на „нероаѕурите“.

Меѓутоа, „нероаѕурите“ не мислат да застанат тука и следна мета е Хавиер Пасторе. Италијанските медиуми пренесуваат дека може да дојде до размена меѓу Аргентинецот и Жоао Марио, кој не се вклопува во стилот на игра на Спалети.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Инцидент во Евролигата: Грчки навивач го истепал газдата на Хапоел

Панатинаикос во четврток вечер го совлада Хапоел од Тел Авив со 93:82, но натпреварот го о…