Најновите истражувања во Италија дадоа јасна слика за фудбалските клубови – Интер е најомразен, Јувентус има најмногу навивачи.
Анализите покажаа дека од 60 милиони луѓе во Италија, повеќе од половина, односно 34 милиони се дефинираат како фудбалски фанови и се навиваат за еден клуб.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Очекувано, најмногу фанови има Јувентус, околу 40% односно приближно 16 милиони Италијанци навиваат за „старата дама“. Од друга страна 38% од испитаниците се изјасниле дека го мразат Јувентус.
Милан и покрај слабите резултати во последно време има повеќе навивачи од градскиот ривал Интер. Двата милански клуба имаат по 19% навивачи, но од останатите 16% го симпатизираат Милан, а 14% Интер.
Интересно, најопразен клуб во Италија е Интер, точно 40% од испитаниците се изјасниле дека ги мразат „нероаѕурите“. Јувентус е втор најомразен со 38%, а Милан трет до 32%.
На четврто место по бројот на навивачи е Наполи, кој е пред Рома и Фиорентина.