Интер е во потрага по нов напаѓач, а прво име на списокот во моментов е Маркос Турам од Борусија Мехенгладбах.
23-годишниот Французин игра одлично во дресот на Борусија Мехенгладбах и го привлече вниманието на многу европски гиганти.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Интер во Турам гледа идеален наследник на Лукаку, па веќе стапил во контакт со неговиот агент.
„Скај Италија“ пренесува дека Интер испратил официјална понуда од 25 милиони евра плус бонуси и во моментов преговорите се во напредна фаза.
Мехенгладбах за слободата на напаѓачот бараше 35 милиони евра, но дбвата клуба би можеле да ја „испеглаат“ разликата со вклучени бонуси.
Avanza l'idea @MarcusThuram per l'@Inter: le ultime https://t.co/WWtYGDkj6Y
— Gianluca Di Marzio (@DiMarzio) August 19, 2021