Дома Фудбал Останато Интер има план како да собере пари за Лукаку

Интер има план како да собере пари за Лукаку

Она што најмногу ја интересира фудбалската јавност ова лето кога станува збор за Интер е нивниот интерес за Лукаку, напаѓачот на Манчестер Јунајтед.

Првата причина за оптимизам во Интер е дека овој трансфер навистина може да се реализира во текот на летото и желбата на самиот фудбалер да го напушти Јунајтед и да се проба во Серија А, барем според информациите од Островот. Ниту во Јунајтед немаат ништо против, но се очекува да добијат најмалку 80 милиони фунти од овој трансфер.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Може ли Интер тоа да го плати?

Многумина се сомневаат во тоа, но Интер не се откажува. Најновите информации на таа тема пристигнуваат од англиските медиуми, кои откриваат дека планот на Интер да продаде двајца играчи, Жоао Марија и Далбер, од чии трансфери се очекуваат околу 40 милиони фунти, со што би се олеснила работата околу ангажирањето на 26-годишниот напаѓач.

За нив двајца има интерес. Претходните дена се појави вест дека Далбер е цел на Лион, кој е подготвен да плати 18 милиони евра за неговиот трансфер, а за Португалецот има интерес од Франција, наводно Монако нуди 22 милиони евра за неговиот трансфер.

Неизввесно е што ќе биде со Икарди, особено ако Интер навистина успее да го доведе Лукаку, па и таа можност ќе донесе голема заработка. Италијанските медуми пренесуваат дека на „Меаца“ на Икарди наскоро ќе му биде соопштено дека повеќе не му е потребен на клубот и дека ова лето ќе биде продаден.

Уште само да, ако сето тоа се реализира, Лукаку покаже дека на Интер ќе му се исплати толку ангажирање во него.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Мбапе не погодува ни од пенал, Реал тоне🎥

Реал Мадрид загуби на гостувањето кај Ливерпул и додатно ја продлабочи кризата, а во Лигат…