Дома Топ вести Интер и Рома спремаат трампа: Џеко се сели во Милано

Интер и Рома спремаат трампа: Џеко се сели во Милано

Веќе неколку дена на големо се шпекулира дека Един Џеко ќе ја напушти Рома поради несогласувања со тренерот Пауло Фонсека.

Фонсека се налутил на Џеко поради неговите коментари во текот на куп натпреварот со Специја. Тогаш му се заканил со одземање на капитенската лента и исфрлање од тимот.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Раководството на „волчицата“ веќе имало контакт со неговиот агент и му порачале дека можи да си бара нов клуб.

Целата ситуација може да ја искористи Интер, бидејќи е познато дека Џеко е голема желба на тренерот Антонио Конте.

„Спортиталија“ пренесува дека Интер остварил контакт со Рома и дека двата клуба почнале преговори за трампа Џеко – Алексис Санчез.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Уште еден голмански кикс во ПМФЛ – не се прослави поранешниот младински репрезентативец! (Видео)

Денешната фудбалска програма во Македонија беше отворена со еден голем кикс на голманот на…