Дома Трансфер зона Интер започна преговори со две ѕвезди од Серија А

Интер започна преговори со две ѕвезди од Серија А

Интер одигра уште една трагична сезона која едвај чека да заврши, но раководството на миланскиот клуб не губи време и веќе работи на засилувања за следната сезона.

Иако во претходните два преодни рока „нероаѕурите“ вложија 150 милиони евра во засилувања, тоа не донесе големи резултати, па сега се спремни да вложат уште повеќе.


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Спортскиот директор Пјеро Аусилио синоќа беше фатен од медиумите како преговара со менаџерите на две ѕвезди од Серија А: Антонио Рудигер и Патрик Шик.

Напаѓачот на Сампдорија, Шик би требало да биде првото засилување за „нероаѕурите“ во новата сезона. Младиот напаѓач експлодираше оваа сезона во Италија и за него силен интерес покажува и Јувентус, но Интер води во трката за неговиот потопис.

Чехот има откупна клаузула од 25 милиони евра која „нероаѕурите“ се спремни да ја платат. Интер сака што побрзо да го комплетира трансферот на Шик за да се насочи кон други трансфери.

Другиот состанок на Аусилио беше со Габриел Џуфрид, агент на дефанзивецот на Рома, Антонио Рудигер. Германецот ќе биде една од ѕвездите на преодниот рок бидејќи за него силен интерес покажуваат уште Челзи и Баерн Минхен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

ПСЖ ја купува ѕвездата на Спортинг Лисабон

Напаѓачот на Спортинг Лисабон, Виктор Ѓекереш, е голема желба на многу европски гиганти, а…