Интер е се поблиску до привлекување на дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Матео Дармиjан, тврди „Газета дело Спорт“.
Тимот од Милано подолго време е поврзуван со дефанзивецот и сакаше да го донесе Дармијан уште во зимскиот преоден рок, но тогаш „црвените ѓаволи“ не се согласија.
Време е за Boxing Day! И време е за Wildcard на Fantasy Premier league! ↓↓↓
„Газета дело Спорт“ пренесува дека директорот на „нероазурите“, Пјеро Аусилио се сретнал со агентот на фудбалерот Џовани Бранчини и двете страни ги договориле сите детали.
27-годишниот играч пристигна на „Олд Трафорд“ за 18 милиони евра од Торино пред две години, но неговиот подем во Англија беше спречен од доста повреди и тој не успеа да го даде посакуваниот ефект за Јунајтед, поради кој беше доведен.
Мурињо се спрема да ја засили десната бековска позиција на лето, па ќе му дозволи на Италијанецот да се врати во Серија А.