Дома Фудбал Италија Интер демантира: Нема да го менуваме името!

Интер демантира: Нема да го менуваме името!

Еминентниот италијански весник „Газета дела Спорт“ денес пренесе дека Интер подготвува промена на името и грбот на клубот.

Интер е основан 9. март 1908 година и токму на својот 113. роденден ќе го направи овој револуционерен потег, тврди „Газета дело Спорт“.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Официјалното името на клубот е „Интернационале Милано“ и треба да биде променето во „Интер Милано“, а на грбот главни симболи ќе бидат буквите И и М.

„Информациите за промена на името не одговарата на вистината.Клубот веќе една година работи на маркетиншки проект, основан на историските вредности на Интер. Целта е да се обединат милионите фанови ширум светот и дополнително да се засили врската со градот Милано“, соопштија од Интер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Гвардиола нема дилеми: Ова за него се најдобрите три екипи во светот!

Манчестер Сити го освои Карабао купот по победата над Арсенал со 2:0 во финалето што се од…