Голманот на Арсенал, Бернд Лено може кариерата да ја продолжи во Серија А во дресот на Интер, пренесуваат островските медиуми.




Арсенал е спремен да се раздели со 29-годишниот гермаски голман бидејќи ова лето го ангажираше Арон Рамсдејл од Шефилд Јунајтед.




До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Лено пристигна во Арсенал од Баерн Леверкузен вп 2018 година и до овој момент има одиграно 120 меча за „топџиите“.




Интер е во потрага по квалитетен голман кој ќе го наследи Хандановиќ. Словенецот брани одлично, но веќе е во поодминати години, па „нероаѕурите“ бараат замена.




Покрај Лено, Интер е заинтересиран уште за Андре Онана од Ајакс, кој на крајот на сезоната ќе биде слободен агент.