Дома Фудбал Италија Интер без Мауро Икарди против Парма?

Интер без Мауро Икарди против Парма?

Како што пренесуваат медиумите во Италија, Мауро Икарди натпреварот од четвртото коло во Серија А помеѓу Интер и Парма би можел да го започне од клупата.

Икарди беше во стартниот тим на Аргентина во ремито против Колумбија и се уште не допатувал во Италија, неговото пристигнување се очекува утре.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Стартот на Лигата на шампионите е за неколку дена, па Икарди многу веројатно ќе добие одмор за да биде максимално спремен за натпреварот против Тотенхем во најелитното европско натпреварување.

Ако се земе предвид и дека Лаутаро Мартинез има проблеми со повреда, многу веројатно ќе стартува Кеита Балде. Политано, Наинголан и Перишиќ се очекува да биде триото зад Сенегалецот.

Спалети не ќе може да смета и на услугите на Шиме Врсалјко кој се повреди во натпреварот помеѓу Хрватска и Шпанија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Новинарка се посрами за сите пари: Од срамот поцрвене, а играчот на Вердер беше изненаден (Видео)

Овој петок започна новата сезона на германската Бундеслига со натпреварот меѓу Бајерн и Ла…