Дома Топ вести Иниеста се збогуваше: Сам седеше на „Ноу Камп“ и неколку часа по завршување на натпреварот (Фото+Видео)

Иниеста се збогуваше: Сам седеше на „Ноу Камп“ и неколку часа по завршување на натпреварот (Фото+Видео)

Големиот Андрес Иниеста (34) можеби и најдобриот играч за врска во нашето време, вчера го одигра последниот 674 натпревар во дресот на Барселона.

Новиот шампион го победи Реал Сосиедад со голот на Фелипе Кутињо, но 90.000 гледачи дојдоа да се простат од играчот кој во Барселона помина 22 години.

Јосиф Дамјанов: Како да изградиш бренд што менува животи! 🚀💡 ↓↓↓


После доделувањето на пехарот Иниеста одржа и проштален говор на „Ноу Камп“.

„Ова беа 22 прекрасни години и ми беше чест да ги бранам боите на овој клуб, за мене најголем на светот. Сакам да им се заблагодарам на сите соиграчи и на сите вас што сте денес тука. Сакам само да кажам дека моето срце ќе биде тука засекогаш“, низ солзи зборуваше Иниеста.

Колку на Иниеста му е тешко простувањето од Барселона говори и фотографијата на која е „уловен“ како сам седи на тревникот на „Ноу Камп“ и неколку часа по празнењето на стадионот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Кањизарес загрижен за ѕвездата на Реал: Што се случува со овој млад играч?

Сантјаго Каљизарес, поранешниот голман на Шпанија и Реал Мадрид, изрази своја загриженост …