Дома Фудбал Останато Иниеста призна дека имал ГОЛЕМ проблем со депресијата

Иниеста призна дека имал ГОЛЕМ проблем со депресијата

Еден од најдобрите играчи на сите времиња, Андреас Иниеста најдобрите денови од својата кариера ги помина во дресот на Барселона, додека во моментов е пред пензија и последните денови од кариерата ги поминува во Јапонија.

Иниеста е дете на Барселона и е еден од фудбалерите од Ла Масија кој донесе многу радост на навивачите на овој клуб, но и фановите на шпанската репрезентација. Со право може да се каже дека е еден од најдобрите играчи за врска во историјата, а на неговите магични потези и денеска се восхитуваме.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Иако со Барселона и Шпанија освои се што можеше да се освои, во неговата кариера имало денови кои не му биле лесни. Иниеста призна дека имал проблем со депресија пред некои девет години во сезоанта 2009/10. по одличната сезона 2008/09., кога Барса освои тројна круна.

„Се започна откако што освоивме тројна круна со Барса. Тој период за мене беше многу тежок и навистина се борев со депресијата. Имаше доста денови кога едвај чекав да заврши натпреварот или тренингот и само да одам дома. Пиев и некои таблети кои ми овозможуваа одмор кој тогаш навистина ми требаше“, изјави Иниеста.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Eлмас: За Наполи ќе играм било каде!

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас откри детали за својата моментална улога во редови…