Дома Фудбал Иниеста: Не сакав да дојдам во Барса, ме убеди татко ми!

Иниеста: Не сакав да дојдам во Барса, ме убеди татко ми!

Капитенот на Барса, Андрес Иниеста откри дека не сакал да се пресели во клубот кој му ја одбележа кариерата и каде стана еден од најдобрите играчи во светот.

Сега 32-годишниот Андрес Иниеста пред точно 20 години морал да замине од својот матичен клуб и да се пресели во Барса, но не било лесно да се убеди.


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


„Првиот одговор беше дека не сакам да дојдам бидејќи сакав семејството да ми биде на прво место и не сакав да одам никаде бев нив. Неделите поминуваа, а татко ми ме нагаовараше да прифатам и на тоа да гледам како предизвик“, објаснува Иниеста.

„Во својот татко имам многу доверба и знам дека обично кого тој ќе каже нешто, тоа и се случува. Го почитувам татко ми и знаев дека морам да одам. После тоа следеа најлошите месеци во мојот живот, но со помошта на сите, ден по ден ми беше се подобро и подобро“, додаде легендарниот плејмејкер.

Денес со сигурност може да се каже дека Иниеста имал многу убави денови со Барса бидејќи ја освои Примера 8 пати, Лига на шампиони 4 пати како и многу други трофеи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дортмунд го налути „кралот“, хет-трик на Винисиус🎥

Реал Мадрид и Борусија Дортмунд приредија вистински спектакл со седум гола и на крајот „кр…