Aндрес Иниеста од кога ја напушти Барселона често пати го користи слободното време да проговори за случувањата во неговиот клуб, но и за неговото минато.
Во последното интервју за „РАЦ1“, Иниеста беше запрашан која е негова неостварена желба и кој е неговиот идол.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шпанецот не криеше и откри дека негова неоставрена желба е играњето со Михаел Ландруп.
„Мои идоли беа Ландруп и Гвардиола, со Пеп имав прилика да играм барем на тренинзите. За жал никогаш не заиграв со Михаел Ландруп и тоа е мојата неостварена желба“, откри Иниеста.
Во овој момент Иниеста го носи дресот на јапонскиот Висел Кобе.