Неверојатно е, но она што е сигурно дека ниту петтина нема да имаат можност да влезат во стадионот.
Арсенал по правило може да додели на навивачите од Келн најмногу 3.000 влезници за натпреварот од првото коло од групната фаза од ЛЕ, што се и случи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сепак, Германците имаат голем проблем. Имено, дури 20 илјади навивачи најавија пристигнување од Келн во Лондон, сепак се работи за прва сезона во Европа на овој тим по 25 години и натпревар против големиот Арсенал.
Овој податок не е официјален, пристигнува на основ на букираните летови за Лондон токму за денот на натпреварот и ден претхоно по ждрепката за ЛЕ.
Келн има околу 100.000 жители, но очигледно е голем бројот на обожаватели на овој клуб.
Од друга страна, Арсенал ги предупреди навивачите кои патуваат без карти за натпреварот дека нема да имаат прилика да го следат мечот.