Кристиано Роналдо ја сумираше својата прва сезона во Италија наведувајќи ги сите рекорди кои ги сруши оваа година.
Роналдо со Јувентус ја освои титулата шампион во Серија А, а тој беше прогласен за најдобар играч во сезоната која постигна 21 гол. Со репрезентацијата на Португалија ја освои Лигата на Нации. Но тука не е крајот на петкратниот освојувач на Златната топка.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Каква сезона! Незаборавна! Нови искуства, голем клуб, возбудлив град, срушени рекорди и три нови трофеи.
Морам да им се заблагодарам на навивачите на Јувентус за начинот на кои ме дочекаа. Вие сте важен дел од секоја наша победа. Им благодарам и на навивачите ширум светот, а посебно на Португалците кои ни помогнаа да стигнеме до историски успех.
Лично никогаш нема да заборавам одредени моменти и рекордите кои ги срушив оваа сезона.
– Победнички гол во Суперкупот на Италија
– Серија А, награда за најдбар играч и 21 гол.
– Трофеј во Лигата на Нации и хет-трик
– Првиот играч кој остварил сто победи и забележал 125 голови во Лигата на шампионите.
– Првиот играч кој освои 10 УЕФА титули.
– Првиот играч кој постигнал гол за репрезентацијата на Светско Првенство, Европско првенство, Куп на Конфедерации и Лига на Нации.
– Првиот играч кој постигнал гол во десет финалиња во низа за националниот тим од 2004 до 2019 година.
Се гледаме наскоро“, стои во објаватан а Роналдо.
За наредната сезон тој и навивачите се надеваат дека на неговата листа ќе биде додаден и трофејот од Лигата на шампионите.