На проблемите за поранешниот бразилски репрезентативец како да им нема крај.
Своевремено еден од најталентираните фудбалери во светот, Леите Рибеиро Адријано заврши во болница откако му се инфицираше раната на неговата рака.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Како што пренесува бразилски „Глобо“, Адријано бил примен во една од приватните клилники во Рио Де Женеиро откако заработил исекотина.
На Адријано му се предвидуваше блескава кариера, започна во Фламенго, а вниманието на себе го сврте со настапите во Италија во дресот на Парма, Фиорентина и посебно Интер.
Сега веќе 36 годишниот Адријано не успеа да го исполни огромниот потенцијал, што најмногу се препишува на алкохолот и депресијата после смртта на неговиот татко.
Популарниот „Император“ неколку пати се обидуваше да се врати во фудбалот, повремено ја покажуваше нешто од неовите препознатливи потези од Сао Паоло и Фламенго, но никогаш не успеа да ја врати старата форма и одигра вкупно 10 натпревари за шест години во Рома Коринтијас, па уште еднаш во Фламенго, Атлетико Параненсе и Мајами.
За репрезентацијата на Бразил постигна 27 погодоци на 48 натпревари.