Дома Трансфер зона Има 28 години и игра во животна форма, а со изборот на нов клуб го фрла во неверување фудбалскиот свет!

Има 28 години и игра во животна форма, а со изборот на нов клуб го фрла во неверување фудбалскиот свет!

Португалскиот репрезентативец Бернардо Силва е еден од играчите кои најверојатно ќе го напуштат Манчестер Сити по фантастичната сезона.

Силва е посакуван од многу европски гиганти, но се појави информација дека Португалецот може да ги остави сите без зборови со изборот на нов клуб.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Бернардо Силва веќе неколку сезони игра во одлична форма во Манчестер Сити, со кого минатата сезона успеа да ја освои тројната круна, а секако шлаг на тортата беше титулата во Лигата на шампионите.

Португалецот речиси сигурно ќе го напушти „Етихад“ ова лето бидејќи веќе некое време се шпекулира за негово заминување.

Бернардо сака да најде нов предизвик во кариерата и многу европски гиганти се заинтересирани за него. Тука пред се се издвојуваат ПСЖ и Барселона кои би сакале да го видат Силва во своите редови.

Сепак, информациите кои се појавија во врска со Бернардо Силва и неговата можна следна дестинација прилично го шокираа фудбалскиот свет.

Медиумите во Англија пишуваат дека Силва сериозно ја разгледува можноста да замине во Саудиска Арабија бидејќи добил неспоредливо подобра понуда од клуб од таа земја отколку од сите останати од Европа.

Многумина се изненадени што Силва ја разгледува опцијата да замине во С.Арабија бидејќи има само 28 години и е во најдобра форма, а да оди во лига која се уште не е ни блиску до најсилната во Европа би било многу изненадувачки.

Но, тоа е само уште еден доказ дека тие очигледно можат да донесат кого сакаат во С. Арабија бидејќи парите што им ги нудат на играчите не може да ги понуди ниту еден друг клуб од самиот врв на светот.

Ако Силва замине во Саудиска Арабија, тоа навистина би било шок, но и потврда дека Саудијците навистина сакаат да создадат силна лига која ќе биде привлечна за другите играчи токму поради нивото на фудбалот, не само поради парите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан наместо Влаховиќ добива напаѓач од соништата!?

Седумкратниот европски шампион Милан е на чекор од остварување на најголемиот потег ова ле…