Легендарниот чешки фудбалер, Павел Недвед (45) се враќа на фудбалските терени, тој потпиша договор со чешкиот аматерски клуб Скална каде и што ја започна кариерата.
Недвед играчката кариера ја заврши во 2009 година, а сега тој се одлучи повторно да се активира за да му помогоне на својот тим од младоста во кој ќе настапува заедно со неговиот син, 18 годишниот Павел Јуниор. Според, најавите Недвед ќе одигра само еден натпревар.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
„Конечно успеавме, После напорни преговори со Јувентус. Недвед стана наш играч“, порачаа од клубот.
45-year-old Pavel Nedved has come out of retirement for his first club, amateurs FK Skalna https://t.co/DZY8sOMWnj #Juventus pic.twitter.com/tOjOkNVjF1
— footballitalia (@footballitalia) September 23, 2017
Сеуште не е познато кога Недвед ќе го одигра натпреварот за Скална поради обврските кои ги има во Јувентус. Чешкиот мајстор во последните седум години е еден од директорите во клубот во редовите на „старата дама“.
Недвед во текот на кариерата настапуваше за клубовите од Прага, Дукла и Спрата и за италијанските гиганти Лацио и Јувентус. Освои вкупно 16 клупски трофеи, а во 2003 година беше прогласен за најдобар фудбалер во светот.
Со репрезентацијата на Чешка најголемиот успех го постигна во 1996 година кога го освои второто место на Европското првенство.