Дома Фудбал Италија Изјава на Алегри која нема да им се допадне на навивачите на Јувентус

Изјава на Алегри која нема да им се допадне на навивачите на Јувентус

Поранешниот италијански шампион Јувентус одигра нерешено против Верона (2-2) и со тоа направи чекор назад во трката за титулата во Серија А.

Тренерот на „бјанконерите“, Масимилијано Алегри објави дека потенцијалот на играчите е голем, но го загубиле победничкиот менталитет.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


„Го загубивме победничкиот менталитет. Не знам како се случи тоа, но играчите мора да прифатат дека можат многу повеќе. Имаме одлична екипа, но ни недостига самодоверба. Главниот конкурент за титулата е веќе далеку од нас, тешко дека имаме некакви шанси“, изјави Алегри.

Јувентус има 54 бодови во Серија А, односно девет бодови помалку од Интер кој има одиграно еден меч помалку од ривалот. Но, секако дека на навивачите ваквата изјава нема да им се допадне.

Коментари
Прочитајте поврзани статии

Проверете

Фабрицио Романо најавува: Утре може да биде решена иднината на Анчелоти!

Натпреварот со Арсенал може да одигра клучна улога во тоа дали Карло Анчелоти ќе остане на…