Тоа што не присуствуваше на прославата на титулата со соиграчите јасно зборува дека иднината на Нејмар во Париз е неизвесна.
Дека Нејмар може да замине од Париз тврди шпански „Дон Балон“ кој пишуваше дека Манчестер Јунајтед би можел да понуди неверојатни 400 милиони евра за Бразилецот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меѓутоа како проблем се наведуваа наводните барања кои Бразилецот ги имал.
Нејмар се поврзуваше и со Реал Мадрид, а денес во шпанските медиуми се појави и вест и тоа со изјава од претседателот на Барселона, Бартомеу дека би можеле да го вратат Нејмар на „Ноу Камп“.
Во изјавата Бартомеу тврди дека доколку му се укаже прилика сигурно би го вратил Нејмар.
„Сакам најдобрите играчи во светот да играат во Ла Лига и секако дека би бил спремен на преговори за негово враќање“, изјави Бартомеу за шпанските медиуми додавајќи дека Бразилецот има важечки договор со Пари Сен Жермен.