Дома Фудбал Англија Изнендување: Мурињо го врати Швајни во првиот тим!

Изнендување: Мурињо го врати Швајни во првиот тим!

Жозе Мурињо направи голем порег и го врати Швајнштајгер меѓу првотимците, па поранешниот германски репрезентативец за прв пат оваа сезонава тренираше со првиот тим на Манчестер Јунајтед.

Бастијан Швајнштајгер е еден од најплатените фудбалери на Манчестер Јунајтед, но од почетокот на сезоната тој тренираше со резервите, откако не ја прифати сугестијата на Жозе Мурињо да си замине од клубот.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Сепак, Германецот, денес прв пат сезонава работеше со првиот тим и веројатно ќе конкурира за место во тимот на следниот премиерлигашки натпревар на Јунајтед.

Швајнштајгер во август 2015 година од Баерн се пресели во Јунајтед, а минатата сезона одигра 31 натпревар за „црвените ѓаволи“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Aлегри може да добие големо засилување: Милан тргнува по напаѓачот на Арсенал!

Напаѓачот на Арсенал, Габриел Жезус, е едно од имињата што се поврзуваат со потенцијално т…