Италијанскиот „Кориере дело Спорт“ денес лансираше вистинска трансфер „бомба“ и тврди дека Јувентус е на добар пат да осигура големо засилување од Барселона.
Имено, „бјанконерите“ веќе започнале преговори со играчот за врска на Каталонците, Рафиња и се спремни во наредните денови да испратат официјална понуда тешка 25 милиони евра.
Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
Рафиња оваа сезона ја започна добро, потоа доживеа тешка повреда, а после тоа добиваше мала минутажа кај Луис Енрике.
Играчот за врска не е задоволен од својот статус на „Камп Ноу“ и сака да ја промени средината, а „старата дама“ е спремна да ја искористи таквата ситуација.
Рафиња наводно веќе дал согласност за трансферот, па сега останува двата клуба да се договорат за отштетата, а „бјанконерите“ се спремни да платат 25 милиони евра за неговиот потопис