Адриен Рабио не патува со ПСЖ на припремите во Доха тоа го потврди клубот и тоа е уште еден доказ дека заминува.
Замената за Рабио може да пристигне од Премиер лигата и тоа редовите на Евертон! Идриз Геја од Евертон е пред трансфер во Париз за сума од 30 милиони евра, пишува утрово „Л’Eкип“.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Истиот извор наведува дека ПСЖ ја одредил и цената на Рабио за овој преоден рок и таа е 15 милиони евра.
Геја наводно е блиску до Париз. Преговорите се започнати и треба да бидат завршени максималната цена е 30 милиони евра. Интересно е дека за оваа зделка од ПСЖ повторно го ангажираа Пини Захави да им ја заврши работата, како и во случајот на Нејмар.
Сенегалецот во Евертон има одлична статистика и е прв по бројот на успешни стартови во Премиер лигата – 238 и втор кога во прашање се пресечните топки – 189.
https://www.youtube.com/watch?v=8SViMUoiyr4