Бразилскиот фудбалер може да го напушти затворот, одлучи судот во Барселона
Алвеш неодамна беше осуден на 4,5 години затвор за силување, но сега Судот одлучи да го ослободи со кауција од еден милион евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Еден од најдобрите десни бекови во историјата на фудбалот и поранешен бразилски репрезентативец во февруари беше осуден на 4,5 години, откако беше откриено дека ја силувал девојката Естер Гарсија, а му беше наложено и да и плати отштета од 150.000 евра.
Алвеш беше обвинет за сексуален напад во Барселона на 31 декември 2022 година, беше уапсен 20 дена подоцна, а потоа префрлен во истражен затвор.
Алвеш (40) во кариерата освои 42 титули и играше за УНАМ, Барселона, Сао Паоло, Пари Сен Жермен, Јувентус, Севиља и Баија. За бразилската репрезентација одигра 126 натпревари и постигна осум гола.