Дома Фудбал Италија Изненадување од Неапол: Спалети по шампионската сезона го напушта Наполи?!

Изненадување од Неапол: Спалети по шампионската сезона го напушта Наполи?!

Италијанските медиуми изненадувачки пренесуваат дека Лучијано Спалети би можел да се раздели и да бара нова средина, иако овој тим стигна до Скудетото по чекање од 33 години.

Наводно Спалети бил лут на раководството на Наполи бидејќи не бил повикан на продолжување на соработката и најавил заминување.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Овие информации секако се изненадувачки бидејќи Спалети му ја донесе на Наполи титулата на која тимот чекаше повеќе од три децении, а освен тоа играше и ¼ финале во Лигата на шампионите.

Во италијанските медиуми веќе се шпекулира за негов наследник и според последните информации, Де Лаурентис разговарал со поранешниот тренер Рафаел Бенитез, а се споменува и Кристоф Галтие.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Реал Мадрид го сруши рекордот по број на пенали во ЛШ (Видео)

По отворањето на новата сезона на Лигата на шампиони со натпреварите во Билбао и Ајндховен…