Дома Фудбал Италија Изненадување од Италија: Пандев продолжува уште една сезона?

Изненадување од Италија: Пандев продолжува уште една сезона?

Иако одлуката на Пандев се најавуваше дека е конечна сепак, македонската фудбалска легенда би можела да одигра и уште една сезона.

Последните најави од Италија од „Спорт Парма“ се дека Пандев наводно размислува да ја продолжи кариерата на уште една сезона. Конечната одлука според најавите Пандев ќе ја донесе во наредните неколку дена.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Сезонава Пандев одигра 11 натпревари за Парма каде што пристигна во јануари и во нив постигна еден гол и запиша една асистенција. Медиумот кој се повикува на информации добиени блиску од Пандев пренесува дека во овој момент Пандев е поблиску до продолжување. Сепак, се истакнува дека ако Пандев продолжи тоа би било друг клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Пред 20 години стана легенда на ЦСКА Москва, а денеска се повлече од фудбалот (Видео)

Кога ќе бидеш еден од најзаслужните за европскиот трофеј во историјата на ЦСКА Москва, тог…