Дома Фудбал Италија Изненадување од Италија: Алегри може да се врати во Милан?!

Изненадување од Италија: Алегри може да се врати во Милан?!

Од Италија сега пристигнуваат изненадувачки информации дека Масимилијано Алегри би можел да се врати во редовите на Милан.

Алегри во финишот од сезоната во Серија А доби отказ од Јувентус на две кола пред крајот, а сега се појавила опција да се врати во таборот на „росонерите“.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Милан неодамна ја потврди разделбата со Пиоли и како фаворит за негов наследник важеше Пауоло Фонсека, меѓутоа сега се шпекулира дека може да има пресврт.

Пред два дена Алегри се договори со Јувентус за раскинување на договорот и веднаш го известил раководството на Милан дека е отворен за соработка.

Информациите се дека Милан ја разгледува таа можност. Претходно Алегри го водеше Милан четири години од 2010 до 2014 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Реал го сака бекот на Манчестер Јунајтед

Реал Мадрид е во потрага по десен бек кој ќе биде долгорочна замена за Картвахал и тоа ќе …