Дома Фудбал Италија Изненадување: Легендата на Милан кандидат за селектор на Италија?

Изненадување: Легендата на Милан кандидат за селектор на Италија?

Фидбалскиот сојуз на Италија и понатаму е во потрага по решение за селекторската позиција.

Како што е познато после неуспехот во квалфикациите за Светското првенство Италија го отпушти Џампиеро Вентура, а сега еден од кандидатите за негов наследник е и Паоло Малдини.

Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони


Малдини е во одлични односи со Алесандро Костакурта, потпретседателот на Фудбалскиот сојуз на Италија и откри дека веќе разговарал со него на таа тема.

„Разговарав со Костакурта, секогаш сум спремен да го слушам. Тешко е да се каже не на пријател каков што е тој. Треба да се види дали има услови да направиме нешто заедно. Проблемот е во тоа што не знам која е моменталната цел. Без разлика дали ќе бидам јас или некој друг, оној кој ќе ја води Италија има обврска да избори пласман на Европското првенство“, изјави Малдини.

Легендата на Милан од фудбалот се прости во 2009 година, а репрезентативниот дрес на Италија го носеше на 126 натпревари, долго време беше и капитен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Се појави листа која го открива добитникот на „Златната топка“ – ова е победникот? (Фото)

Париз вечерва е домаќин на церемонијата на прогласување на најдобриот играч во светот. Fra…