Дома Трансфер зона Изненадуваа во Германија, сега и на трансфер пазарот: Лајпцинг ја “краде” метата на Мурињо!

Изненадуваа во Германија, сега и на трансфер пазарот: Лајпцинг ја “краде” метата на Мурињо!

Eкипата на Лајпцинг која наредната сезона ќе се натпреварува во Лигата на шампионите полека се припрема за ова натпреварување.

Оваа екипа за краток временски период успеа да стигне од пониските германски лиги до Лигата на шампионите. Завршија како второпласирани, во клубот се работи одлично и имаат јасни цели.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Политиката на клубот е да не се доведуваат играчи постари од 23 години, освен исклучоци, а со таа политика се продолжува и оваа сезона.

Според француските медиуми, нов фудбалер Лајпцинг ќе биде фудбалерот на Галатасарај Брума. Овој фудбалер беше на мета на Жозе Мурињо, но Португалецот не успеа да го доведе својот сонародник во Манчестер Јунајтед.

Сумата која Лајпцинг би требало да ја плати за Брума изнесува 18 милиони евра.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…