Агенцијата „Money“ на основа на рецензиите на платформи како „Google“, „ТripAdvisor“ и „Football Ground“ ги избра најлошите стадиони во светот.
Помеѓу најлошите стадиони се наоѓа и „Максимир“ на Динамо Загреб кој има капацитет од 24.851. Стадионот во главниот град на Хрватска се најде на третото место.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
На првото место се наоѓа стадионот „Карло Кастељани“ на кој игра Емполи од Серија А, овој стадион има капацитет од 16.800 места.
На втората позиција во Европа се наоѓа „Балаидос“ на Селта Виго од Ла Лига. Клубот во јуни на отвори реновираната источна трибина, а трошоците за реконструкција се зголемени од 30 на 50 милиони евра.
Во топ пет стадиони се уште „Крал Боуден“ во Брисел и „Колосеум Алфонсо Перес“ на Гетафе.