Дома Фудбал Италија Игуаин: Лесно е да критикувате од фотеља!

Игуаин: Лесно е да критикувате од фотеља!

Јувентус синоќа одигра нерешено против Тотенхем во Торино, а после мечот следеа критики од навивачите поради пропуштеното водство од 2:0.

Гонзало Игуаин постигна два гола во 2-та и 9-та минута, а потоа во последната минута од првото полувреме пропушти да реализира пенал.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Клубот од Лондон не се предаде па преку Хари Кејн во 35-та и Ериксен во 72-та минута стигна до израмнување.

„Добро утро на сите. Лесно е да зборувате после мечот од фотеља…До 2:0 се беше перфектно, а после 2:2 мислењата брзо се променија. Нас навистина не не интересираат таквите мислења. Сега одиме во Лондон за да победиме и да го осигураме пласманот. Прегратка за секого кој му посакува добро на Јувентус“, напиша Игуаин на Инстаграм.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

По интервјуто на Димитриевски кај Лазаров, отпуштен спортскиот директор на Валенсија!

По уште една лоша сезона, одговорноста мораше да се преземе во Валенсија. Не се само слаби…