Гонзало Игуаин веројатно повеќе нема да го носи дресот на Јувентус.
Како што пишува „Газета дело Спорт“, Јувентус и Игуаин постигнале договор дека ова лето ќе работат на негово заминување од клубот.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Тоа значи дека „старата дама“ ќе го продаде Игуаин, а тој ќе ја прифати првата понуда од која ќе биде задоволен. На овој начин Јувентус ќе го ослободи буџетот пред почетокот на новата сезона.
Игуаин е еден од најплатените во Јувентус. Заработува 7.5 милиони евра по сезона и сосема сигурно таа сума добро ќе му дојде на италијанскиот шампион во освежување на тимот.
Аргентинскиот напаѓач претходно се поврзуваше со клубови од МЛС (Ла Галакси и Ди Си Јунајтед), како и Ривер Плата од Аргентина. За Јувентус Игуаин одигра 138 натпревари и постигна 63 гола.