Дома Актуелно Играјте маалски баскет со Перо Антиќ!

Играјте маалски баскет со Перо Антиќ!

Македонскиот кошаркар Перо Антиќ ќе добие признание за заслужен граѓанин од областа на спортот, признанието ќе му го додели Општина Центар.

По тој повод во среда ќе биде организаран настан „Маалски баскет со Перо Антиќ“, настанот ќе започне во 19:00 часот.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Тука започнале многу успешни приказни, а една од нив сигурно е онаа на македонската легенда Перо Антиќ кој кариерата ја започна во Работнички, денес тој е признат спортист во целиот свет. Поради тоа Општина Центар му доделува признание за заслужен граѓанин од областа на спортот. Покрај тоа ќе организираме настан на кошот на Водно на кој Антиќ ќе игра и ќе им пренесува искуства на младите кошаркари“, соопштија од Општина Центар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Тикет на денот (недела, 14.09.2025)

Денес имаме одлична понуда, а ние ќе се вложиме максимално за да ја направиме вистинската …