Поранешниот бразилски напаѓач Едилсон (49) тврди дека во најдобрите години бил помеѓу најдобрите фудбалери во светот.
Освојувачот на светското првенство со Бразил од 2002 година тврди дека бил подобар од Нејмар, а дека Лионел Меси мора да го освои Мундијалот за да се смета за подобар.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Во моите најдобри денови играв подобро од Нејмар. За да биде подобар од мене мора да го освои Светското првенство. Исто така и Меси мора да го освои тој трофеј за да се смета за подобар од мене“, изјави Едилсон.
Не застана тука. Тврди дека технички е подобар од Кристиано Роналдо.
„Роналдо е силен, игра добро со двете нозе, но јас сум технички подобар од него“, истакна тој.
Едилсон само една сезона помина во Европа. Во сезоната 1994/1995 играше за Бенфика за која постигна 17 голови на 31 натпревар.
Остатокот од кариерата го помина во главно во бразилските клубови, а играше уште во Јапонија и Емиратите.