Дома Трансфер зона Играчот кој на 24 години отиде во Кина по милиони се сели во Серија А?

Играчот кој на 24 години отиде во Кина по милиони се сели во Серија А?

Белгискиот фудбалер Јаник Караско овој јануари би требало да се врати во Европа.

Караско во 2018 година го шокираше фудбалскиот свет кога одлучи од Атлетико Мадрид замине во Кина на само 24 години, но кинеската авантура сега изгледа му здосади, тоа го покажа и со неговата изјава неодамна.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Кога сум на теренот можам да заборавам се, но животот за странците таму е тежок. Во претходниот преоден рок беше тешко клубот да ме пушти. Сега ситуацијата е поинаква. Се надевам дека ако има нешто конкретно ќе можам да си заминам оваа зима“, изјави неодамна Караско.

„Калчомеркато“ сега пренесува дека оваа зима Караско би можел да го засили Наполи кој веќе е во преговори да го доведе. Наполитанците и пред година ипол беа заинтересирани за него, но тогаш тој се одлучи за Кина и милионите.

Оваа сезона Караско постигна 17 голови и запиша осума асистенции со што потврди дека не заборавил да игра фудбал. Тој има 26 години и сигурно дека има уште што да покаже.

Инаку, денес беше објавено дека Кинезите повеќе нема да можат да даваат астрономски плати на странските фудбалери – повеќе за ова тука.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал и Ливерпул го сакаат Брахим Дијаз

Брахим Дијаз минатото лето се врати во Реал Мадрид и ја потврди својата класа, но оваа сез…