Поранешниот фудбалер на Ливерпул Стен Колмор го нарече Жозе Мурињо диктатор.
Колмор денес работи како колумнист за „Дејли Мирор“ и во својата последна колумна го нападна Португалецот поради неговиот однос кон Деле Али.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„За Деле Али тоа што беше изоставен за мечот со Шефилд поради Жадсон Фернандес е навреда. Тој може да биде многу повеќе, но не е лош професионалец. Можете да кажете дека не се вклопил или дека е мрзлив на тренинг. Меѓутоа ако мислите некој кој бил сериозен играч во најдобриот тим на Спарси во последните неколку генерации да биде зад некој кој не направил апсолутно ништо за тој тим тогаш не сте на добар пат“.
„Без оглед што играчите се однесуваат како овци кога се соочуваат со диктатор како него никогаш не забораваат. Затоа на Мурињо му е подобро да победува“, заклучи поранешниот играч на „црвените“.