Кенискиот фудбалер Виктор Ванијама го напушти Тотенхем и кариерата ја продолжи во МЛС лигата.
Тимот од Лондон го потврди заминувањето на 28-годишниот играч од средниот ред, а кариерата ќе ја продолжи во редовите на Монтреал Импакт, тим предводен од легендарниот Тиери Анри на клупата.
Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
Ванијама го носеше дресот на Спарси претходните три и пол сезони. Тој пристигна од Саутемптон во летото 2016 година и одигра 97 натпревари на кои постигна седум гола.
Претходно, овој играч од средниот ред играше во Селтик, Саутемптон и белгиски Биршот.
Тој постигна седум гола за Кенија на 60 настапи.