Дома Фудбал Останато Ибрахимовиќ: Не се срамам да кажам дека сум гејмер, сопругата ме заклучува во соба…

Ибрахимовиќ: Не се срамам да кажам дека сум гејмер, сопругата ме заклучува во соба…

Шведскиот напаѓач Златан Ибрахимовиќ веќе е добро познат во јавноста по своите изјави со кои знае да ја насмее целата планета.

Ибрахимовиќ во овој момент игра во САД во тимот на ЛА Галакси, а секако дека со него е и неговото семејство. Швеѓанецот е во брак со Хелена со која има два сина.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Познат е по тоа што нема влакна на јазикот, а тоа го покажа и во вчерашната изјава за американските медиуми. Тој призна дека сака да игра видео игри и дека тоа му е опсесиај уште од времето додека настапувал за Ајакс.

„Не се се срамам да кажам дека сум гејмер и дека сама да играм видео игри. Секогаш ми бил интересен тој свет уште од времето додека играв со АјАКС. Се сеќавам дека тогаш го купив најголемиот телевизор кој можев да го најдам, а имав и специјален кревет и конзола, сакав да играм ПЕС. Кога беше воведена опцијата да можеш да играш онлајн со целиот свет ми стана уште поинтересно, а тоа го правам и сега иако имам 36 години. Добро ми доаѓа кога ќе се скарам со сопругата, тогаш таа не сака да зборува со мене и ме заклучува во соба со синовите. Ние по цел ден играме видео игри, па понекогаш не ни забележуваме дека не можеме да излеземе“, откри Ибра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Големо враќање на триото: Интер Мајами сака повторно да ги обедини Меси, Нејмар и Суарез

Интер Мајами, клуб од МЛС лига кој е во сопственост на Дејвид Бекам, наскоро би можел да с…