Дома Фудбал Италија Ибрахимовиќ на прославата на Милан го „пецна“ Чалханоглу

Ибрахимовиќ на прославата на Милан го „пецна“ Чалханоглу

Милан по 11 години пауза конечно го освоија Скудетото, откако завршија пред градскиот ривал Интер со кој водеа тешка битка во текот на целата сезона.

Ветеранот Златан Ибрахимовиќ помогна со своето искуство во освојување на титулата, па на прославата реши да го земе микрофонот и повторно да направи шоу, а притоа и да го „пецне“ Хакан Чалханоглу.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Турскиот репрезентативец минатата сезона играше за Милан, по што направи големо предавство и се пресели во Интер, а потоа кажа дека сака повторно да ја освојат титулата со „нераѕурите“.

Меѓутоа, на Чалханоглу сите му се смеат во моментов затоа што избега од Милан токму поради тоа што не можеше да ја освои титулата, а сега пак остана без неа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Анчелоти го нарече најдобар во светот, а Перез реши да го продаде на денот на финалето со Барселона!

Откако одигра 22 минути против Атлетико во полуфиналето на Суперкупот, заработи повреда и …