Златан Ибрахимовиќ во Милан пристигна во јануари како големо засилување.
Легендарниот шведски напаѓач се врати помеѓу „росонерите“ за конечно овој тим да се врати во врвот на италијанскиот фудбал. Ибрахимовиќ има договор до 30. јуни и има право да го напушти Милан по истекот на договорот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сепак, во Италија на големо се пишуваше дека Ибрахимовиќ нема да остане, иако во неговиот договор има опција договорот да му биде продолжен на уште една сезона.
Меѓутоа „Кориере дело Спорт“ тврди дека една работа може да го остави Ибрахимовиќ во клубот. Тоа наводно е евентуалниот пласман во Лигата на шампионите бидејќи Златан има намера да одигра уште една сезона на елитното фудбалско натпреварување.
Ибрахимовиќ оваа година ќе го прослави 39. роденден. Физичката спремност му овозможува да игра на високо ниво, а ќе видиме за што ќе се одлучи по завршувањето на оваа сезона.
Милан засега е далеку од местото кое води во Лигата шампионите, го делат цели 12 бодови.