Дома Фудбал Италија Ибрахимовиќ: Ако Малдини сака да останам, јас сум за таа опција

Ибрахимовиќ: Ако Малдини сака да останам, јас сум за таа опција

Златан Ибрахимовиќ изминатите денови беше дел од фестивалот Санремо, а по завршувањето на истиот одлучи да даде интервју за „РАИ“ телевизијата.

Ибрахимовиќ не сакаше да зборува со медиумите додека не ги заврши обврските кон фестивалот, потоа зборуваше за „РАИ“. На самиот почеток порача дека не сакал да ги добие прашањата пред интервјуто за се да биде природно.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Не сакав да ги знам прашањата за разговорот да биде природен“, изјави Ибра, а потоа зборуваше за натпреварот со Верона на кој не беше во составот, но беше со тимот.

„Јас сум Златан и чувстувам одговорност како лидер да бидам со екипата. Гледам дека го почитуваат она што им го кажувам и сакам да им помогнам“.

Едно од прашањата беше дали ќе остане во Милан и наредната сезона.

„Не знам, ќе видиме. Ако Паоло Малдини сака да останам јас сум за таа опција. Сезоната се уште е во тек имаме многу натпревари. Одиме чекор по чекор“, порача шведскиот напаѓач.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Барселона: Се повлекуваме од Суперлигата!

Барселона денеска објави кратко соопштение, во кое се потврдува нешто што каталонските мед…