Дома Фудбал Англија Ибра – Јунајтед, готово е кратката “романса“ заврши!

Ибра – Јунајтед, готово е кратката “романса“ заврши!

Златан Ибрахимовиќ од денес повеќе не е член на Манчестер Јунајтед.

Како што пренесува „Скај Спорт“, англискиот клуб го отпуштил Швеѓанецот, после само една сезона помината во клубот.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Ибрахимовиќ имаше добра сезона, постигна 28 погодоци, но во ¼ финалето од Лигата на Европа заработи тешка повреда. Го повреди коленото, а се зборуваше дека би можел и да ја заврши кариерата.

Сепак, Златан ги демантираше таквите шпекулации и најави дека ќе се врати, но сигурно не во дресот на Манчестер Јунајтед. Се споменуваше САД како наредна дестинација, но познавајќи го Златан, тој веројатно би останал уште некоја година во Европа.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Барселона, Арсенал и Наполи во трка за бразилското “чудо од дете”

Летниот трансфер период во Европа што го оставивме зад нас беше доста интересен, и на тран…