Дома Фудбал Италија Ибра се прости во свој стил: Со една реченица ги замолкна навивачите на Верона кои го свиреа од трибините

Ибра се прости во свој стил: Со една реченица ги замолкна навивачите на Верона кои го свиреа од трибините

Емотивно беше синоќа во Милано, каде Златан Ибрахимовиќ официјално се прости од дресот на Росонерите – воедно и од активното играње фудбал!

Ибра од трибините го следеше натпреварот со Верона, кој заврши со резултат 3:1 за неговиот тим, а по говорот на теренот ги „спушти“ навивачите на гостинскиот тим со само една реченица додека тие го исфиркуваа.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Само свирете, тоа што ме гледате е вашето најголемо достигнување оваа година – рече Ибрахимовиќ, кој потоа откри дека оди во пензија.

Да потсетиме, веќе беше познато дека тој ќе го напушти Милан на крајот на сезоната. Сепак, се чинеше дека ќе ја засили Монца и ќе одигра уште една сезона, но повредите си го направија своето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Барселона ги почна подготовките, а на нив се појави фудбалер кој сите го заборавија (Видео)

Барселона денес официјално ги започна подготовките за новата сезона, а на медицинските пре…