Златан Ибрахимовиќ се врати во Милан и веројатно ќе дебитира уште утре на мечот против Сампдорија на „Сан Сиро“.
Иако има 38 години Ибра во Милан беше пречекан како спасител и „росонерите“ очекуваат многу од него.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Нема дилема дека голем број навивачи на италијанскиот гигант ќе дојдат на „Сан Сиро“, а Ибра јасно порача дека нема да излезе на терен ако нема барем 70.000 луѓе на трибините.
„Колку луѓе се очекуваат на стадионот? 60.000? Сакам да дојдат најмалку 70.000 или нема да излезам на теренот“, се пошегува Ибрахимовиќ.
Шведскиот напаѓач со „росонерите“ потпиша договор до крајот на сезоната со можност соработката да ја продолжи на уште една година.