Германскиот фудбалер Месут Озил во јануари го напушти лондонски Арсенал и кариерата ја продолжи во Фенербахче.
Озил после скоро осум години го напушти Арсенал затоа што не беше во планвите на Артета. Поранешниот германски репрезентативец со Арсенал имаше договор до крајот на сезоната според кој заработуваше 350.000 фунти неделно. Затоа јасно беше зошто долго време одбиваше да замине.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во јануари од Арсенал соопштија дека постигнале договор со Озил за раскинување на соработката. Со Фенербахче Озил потпиша договор до летото 2024 година. Меѓутоа ниту во Турција не му оди баш најдобро и од доаѓањето во клубот одигра само седум натпревари, па јасно е дека ќе му треба време да ја врати формата после долгото време неиграње во Арсенал.
Сега се појави информација дека Арсенал се уште го исплаќа Озил иако договорот е раскинат.
Арсенал и Озил се договориле „топџиите“ да му исплаќаат 90% од неговата плата што е околу 315.000 фунти неделно за тој да замине. Ова значи дека иако Озил не е член на Арсенал до крајот на сезоната ќе инкасира7.38 милиони фунти.
Турскиот клуб од друга страна на Озил му ги исплаќа преостанатите 45.000 фунти.
Arsenal are paying Mesut Ozil more than £315,000 a week not to play for them until the end of the season [Mail] pic.twitter.com/s6Yoa0e2Bm
— AFTV (@AFTVMedia) April 26, 2021