Toa што стана јасно уште вчера вечер денес само продолжува, Јувентус е последниот клуб кој со официјално соопштение ја напушти Суперлигата.
Клубот објави соопштение на својата официјална страна и извести јавноста дека и тие повеќе не се дел од Суперлигата.
Како до бараж за Светско првенство!? ↓↓↓
„Јувентус иако е убеден во проектот, смета дека во овој момент има ограничена шанса за таков проект да се организира во формата во која беше замислено“, стои во соопштението меѓу другото од италијанскиот клуб.
Од сите 12 клубови кои беа означени како осоновачи без официјално откажување останаа само шпанските гиганти Барселона и Реал Мадрид.