Дома Фудбал Светско првенство во фудбал И „ТЈ“ тврди: Шпанија сама си го избра Мароко – ќе им биде ли лесно?

И „ТЈ“ тврди: Шпанија сама си го избра Мароко – ќе им биде ли лесно?

Стигнавме и до последниот ден од осминафиналето на Мундијалот во Катар, а досега во оваа нокаут фаза фаворитите ја оправдуваа улогата и обезбедуваа место во четвртфиналето.

Денес на програмата се уште два дуели. Од 16:00 часот Мароко кој прикажа одлична игра во групата со Белгија, Хрватска и Канада ќе се соочи со Шпанија која после онаа победа од 7:0 против Костарика во првото коло баш и не блескаше. Во вториот дуел Португалија и Роналдо ќе се соочат со Швајцарија

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Во последниот натпревар на Шпанија во групната фаза во фокусот беше селекторот Луис Енрике и многумина сметаат дека Шпанците калкулираа со поразот од Јапонците за да имаат полесен пат во нокаут фазата. Ако беа први во групата ќе одеа на страната каде што се Бразил, Аргентина, Хрватска…

Слушнете што „ТЈ“ во неговото шоу има да каже за овие дуели, но и како тој ја коментира ситуацијата со Енрике на клупата на Шпанија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Познат новиот тренер на Челси ако Мареска добие отказ

Енцо Мареска е на прагот да го напушти Челси како главен тренер поради нарушување на однос…