Дома Македонски спорт Мак фудбал И со цена од 1.200 денари Струга ги распродаде билетите за натпреварот со Жалгирис

И со цена од 1.200 денари Струга ги распродаде билетите за натпреварот со Жалгирис

Maкедонскиот шампион Струга Трим Лум денес ќе го игра реваншот против Жалгирис во рамките од квалификациите за Лигата на шампионите. Во првиот натпревар стружани ремизираа 0:0, па оптимизмот дека можат во следната фаза е голем крај езерото.

Изненадување за јавноста беше одлуката билетите да се продаваат по цена од 1.200 денари. Со секој билет фановите добиваат и маичка, меѓутоа постоеше соменвање дека таквиот потег лошо ќе се одрази на посетеноста.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Сепак, од таборот на струшкиот тим соопштија дека билети за натпреварот повеќе нема, односно дека стадионот „Билијани Извори“ во Охрид е распродаден. Ова значи дека Струга денес ќе има максимална поддршка.

Натпреварот се игра во терминот од 17:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Македонските ракометарки поразени од Хрватска

Женската ракометна репрезентација загуби од Хрватска со 18-26 во рамки на турнирот „Кроаци…